Писателот Луис Керол, го создал ликот на Алиса инспириран од вистинска девојка, Алис Лидел, која ја запознал како тригодишно девојче.
Луис, чие вистинско име е Чарлс Доџсон, тогаш имал 24 години, студирал математика и фотографија.
Особено сакал да фотографира деца и бидејќи на неговите фотографии имало девојки, честопати без облека, со години се поврзувал со контроверзии и шпекулации дека е скриен педофил. Овие тврдења, сепак, никогаш не биле докажани.
Тој се сретнал со Алис Лидел во април 1856 година, додека таа си играла со нејзините сестри во градината. Нејзиниот татко наскоро го поканил да го фотографира семејството и така започнало долгогодишното пријателство.
Подоцна, тој често ги фотографирал Алиса и нејзините сестри, а во своето студио чувал многу детска облека за да се претвора во разни интересни ликови.
Приказната за Алиса во земјата на чудата е создадена за време на возење со брод во јули 1862 година, кога тој на Алиса и на нејзините сестри, Идит и Лорин, им раскажал приказна полна со необични ликови, а десетгодишната Алиса ја поставил како главен лик.
Иако тоа не било првпат да им раскажува приказни, Алиса го замоли да ја запише токму таа приказна. Две години подоцна, за Божиќ ѝ подарил роман украсен со илустрации.
Луис бил близок со целото семејство Лидел, но Алиса му била најмила. Нивната врска станала предмет на многу шпекулации.
Дружбата помеѓу Лидел и Доџсон се распаднала летото 1863 година. Семејството никогаш не зборувало отворено за тоа, а страниците од дневникот на Доџсон поврзани со тој период мистериозно исчезнале. По неговата смрт, некој едноставно ги скинал.
Некои биографи шпекулираат дека до кавгата дошло откако Доџсон сакал да се ожени со 11-годишната Алиса, додека други мислат дека постарата сестра на Алиса, Лорина се за вљубила во него, па неговите родители го избркале за да се избегне скандал.
Следната година, тој смирил со родителите, но никогаш повеќе не му било дозволено да се дружи со децата.
Неговиот интерес за девојчиња бил познат, но во тоа тоа не било толку невообичаено, бидејќи голи деца биле вообичаен мотив, како на пример на разгледници, што не се доживувало во сексуален контекст, туку како симбол на невиност и чистота.
Пред неколку години се појавило писмо на Доџсон, насловено „На драгата госпоѓица Лидел“, напишано само три години пред бракот на Алиса.
Во писмото, тој одговорил на коментарите испратени до него, а водени помеѓу „мис Лидел“ и нејзина пријателка, кои му ги пренесло трето лице.
Во писмото, тој меѓудругото вели оти неговите зборови, дека ги сака децата, се многу погрешно разбрани.