Во изминатите три месеци, односно од 1 јуни до 31 август, во летните здравствени амбуланти во Албанија услуга добиле над 70.000 туристи, изјави министерката за здравство Албана Кочиу.
– Медицинска услуга добија 70.187 туристи, од нив 22.202 или 32 отсто странски, што е за околу 30 проценти повеќе, што е условено и од поголемиот број туристи. Овие, 34 амбуланти нудат 24 часовна услуга седум дена во неделата и се незаменлив извор на услуги за домашните и странските туристи во текот на летната сезона, наведува Кочиу во видео објава на Фејсбук.
Министерката изразува гордост што Албанија привлекува толку многу посетители од целиот свет, притоа потенцирајќи дека се „исполнува заложбата за безбедна и здрава туристичка сезона“.
Амбулантите, или четири повеќе од минатата сезона, кои ќе функционираат до крајот на месецов, ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области. На северот има 10, во централниот дел девет и во јужниот дел 15 здравствени амбуланти. Во нив се ангажирани 300 лекари и медицински сестри и функционираат 24 часа, седум дена во неделата.
Годинава првпат националниот ургентен центар стави на располагање и 20 фиксни станици за брза помош.
Минатата година, земјата забележа рекордна посетеност од над 10 милиони туристи, што е 2,5 милиони туристи повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските и македонските туристи. Годинава според надлежните се очекува да се забележи нова рекордна туристичка сезона.