Да се дели кревет со милениче – да или не? Некои истражувања докажуваат дека спиењето со куче може да го намали чувството на анксиозност, да го подобри расположението и да ја направи околината попријатна и опуштена. Луѓето кои имаат куче имаат поголема веројатност полесно да заспијат и имаат помалку проблеми со несоница.
Психологот Барбара Сантини истакна дека има неколку предности да спиете покрај вашето домашно милениче.
Спиењето со домашни миленици го стимулира производството и ослободувањето на повеќе окситоцин. Кога нивото на окситоцин ни е високо, поверојатно е дека ќе доживееме целосна релаксација на телото – уверува Барбара и додава:
Ова ги стимулира тета-мозочните бранови и му помага на нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.
Зајакнување на имунитетот
Домашните миленици ја поттикнуваат различноста на микроорганизмите во куќата, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни микроорганизми – објаснила Барбара.
Некои истражувања покажаа дека домашните миленици можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.
Почист дом
Иако на прв поглед не изгледа така, луѓето кои го делат својот дом со куче ја менуваат постелнината и поредовно ја чистат куќата.
Девет од десет од нас ја перат постелнината на секои две недели, но тоа не е доволно хигиенско и нема да ги задржи алергените во текот на летото – започна објаснувањето на Барбара, а потоа продолжи:
Домашните миленици даваат дополнителна причина да ја одржувате куќата во ред, па така спиењето со нив и миењето на постелнината на секои неколку дена на топла програма ќе спречи таложење на прашина во ткаенината.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.