Кина во саботата објави дека во болниците во текот на триесеттина дена откако се укинати строгите епидемиолошки мерки, починале околу 60.000 луѓе чијашто смрт се поврзува со ковид-19.

Во периодот од 8-ми декември и 12-ти јануари починале 59.930 луѓе, изјавил за новинарите функционер на Националната комисија за здравство Џијао Јахуи.

Овој показател не ги вклучува починатите надвор од медицинските установи. Хоспитализациите поради Covid-19 во Кина достигнале врв и бројот на болничките пациенти продолжува да паѓа, додаде Џијао.

Според него, во пад е бројот на пациентите за коишто е неопходна итна медицинска помош, како и процентот на позитивните на ковид-19 во вкупниот број тестирани лица.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.