Претседателот на САД, Доналд Трамп потпиша уредба за привремен сојузен буџет за да избегне затворање на владата, соопштија денеска од Белата куќа. Привремениот буџет што го изгласа Конгресот е со рок до 28 декември.
Законодоавците не беа во можност да го утврдат конечниот буџет за финансирање на сојузната влада за фискална 2021 година од презафатеност околу донесувањето на вториот пакет на помош за американските граѓани и за економијата на земјата по кризата со коронавирусот.
Пакетот за помош е дел од поддршката за населението и за економијата од последиците на пандемијата на ковид-19. Како резултат на вирусот, во САД досега починаа 317.000 луѓе, а моментно на национално ниво се регистрираат по 214.000 случаи во просек дневно.