На територијата на СВР Битола денеска во времето од 07:00-12:00 спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 39 возачи.
Од нив, информираа од МВР, 28 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 11 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.