Речиси 700 мигранти влегле во Велика Британија минувајќи го Ла Манш за само еден ден, што е рекорд за оваа година.
Advertisements
Оваа информација денеска ја соопшти Министерството за одбрана на Велика Британија.
Вкупно 696 мигранти во 14 мали чамци во понеделникот го преминале каналот Ла Манш меѓу Франција и Велика Британија. Претходниот рекорд е забележан во април, кога преминале 651 лице.
Иако француските власти запреа еден од чамците со 35 луѓе, француската влада е обвинета дека не ја исполнила својата морална должност да ги заштити ранливите луѓе и да ги спречи шверцерите да ги искористуваат мигрантите кои се обидуваат да преминат во Велика Британија.