Платформата за пораки WhatsApp, ја укинува поддршката за многу стари модели на паметни телефони, што значи дека од денеска, 1 ноември, многумина ќе останат без популарна апликација која нуди бесплатно споделување слики ширум светот.

Од денеска ќе престанат да работат 43 модели на паметни телефони – на Android и iOS.

Андроид и iOS

Корисниците ќе ја изгубат можноста да испраќаат пораки и видеа или да остваруваат видео повици до семејството и пријателите користејќи услуга за шифрирана размена на пораки.

Моделите на паметни телефони со инсталиран Android 4.0.4 или постар ќе станат некомпатибилни со WhatsApp, како и iPhone со инсталиран iOS 9 или порано, пишува „Мирор“.