Компанијата „WhatsApp“ во сопственост на „Facebook“ соопшти дека ќе ги извести корисниците за нивната политика за приватност во „следните недели“.
Тие велат дека овојпат ќе обезбедат повеќе информации за промените пред да биде побарано од корисниците да се согласат на новите услови.
„Во следните недели, ќе прикажеме порака во „WhatsApp“ со повеќе информации што луѓето ќе можат да ги прочитаат“, известуваат од компанијата.
„Вклучивме и повеќе информации за да се обидеме да ги решиме проблемите за кои имаше реакции. На крајот, ќе почнеме да ги потсетуваме луѓето да ги прегледуваат и прифаќаат овие ажурирања за да продолжат да ги користат услугите“, додатоа тие.
Политиката за приватност е истата што компанијата ја воведе во јанауари, што на крајот беше одложено по низата негативни реакции во јавноста.
Портпаролот на „WhatsApp“ потврди дека корисниците на крајот ќе мора да се согласат на новите услуги до 15 мај, кога ќе стапи на сила новата политика, пишува „Engadget“