ОТКАКО поминаа дури две недели на врвот на гледаноста на глобално ниво, серијата Wednesday беше симната од тронот со документарен филм за одметнатиот принц и принцеза Хари и Меган.
Документарната серија го следи животот на војводата и војвотката од Сасекс по напуштањето на кралското семејство и е предмет на многу контроверзии откако се појави на Нетфликс. Првата епизода од долгоочекуваниот документарен филм конечно пристигна на 8 декември, а предизвика бројни реакции кај гледачите, а некои дури се заканија дека ќе ги откажат претплатите доколку документарецот не биде отстранет од платформата.
Се предвидува дека серијата ќе има голем успех
И покрај критиките, серијата ќе заработи 112 милиони долари на Меган и Хари и се предвидува дека ќе биде една од најгледаните документарни серии што ги објави Нетфликс. Пред објавувањето на документарецот, Хари беше запрашан зошто решиле да ја споделат својата приказна.
„Никој не гледа што се случува зад затворени врати. Морав да направам се што можам за да го заштитам моето семејство“, изјави тој за магазинот People.
Синопсисот на серијата гласи: „Во документарната серија без преседан, војводата и војвотката од Сасекс споделуваат друга страна од нивната љубовна приказна. Низ шест епизоди, серијата ги истражува нивните почетоци и предизвиците што ги натерале да се чувствуваат принудени да се повлечат од Кралско семејство.” Хари и Меган е досега виден поглед на еден од најозборуваните парови во историјата.
Последните три епизоди од Хари и Меган се емитуваат на 15 декември, а мемоарите на Хари Спа ќе бидат објавени во јануари. Бакингемската палата соопшти дека нема да коментира за серијата.