Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека Србија нема да влезе во НАТО бидејќи е воено неутрална земја.
-Мислам дека ова е најдобра позиција, самите да ја штитиме нашата земја, нашето небо и нашиот народ и да продолжиме да се однесуваме така, рече Вучиќ синоќа во гостувањето на ТВ Прва.
И професорот на ФПН, Иво Висковиќ, на истата тема кажа дека не ја гледа Србија наскоро во НАТО, но верува дека во иднина тоа ќе зависи од тоа што ќе се случи во светот.
Копретседавачот на Игман иницијативата, Милан Антонијевиќ, на истото прашање рече дека не гледа Србија да влегува во НАТО, но дека влегувањето на Србија во тој сојуз е нешто што може да се случи во догледно време.