Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека му пренел на советникот на американскиот Стејт департмент Дерек Шолe дека секоја форма на формално или неформално признавање на независноста на Косово и отстапка за членство во ОН се „црвени линии“ преку кои Белград нема да помине. Вучиќ рече дека со американскиот дипломат вчера во Белград разговарал за т.н германско-францускиот план за Косово. „Ние во нашиот труд укажавме на она што веќе им го доставивме на авторите на тоа писмо, кои се нашите црвени линии. За која било форма на формално или неформално признавање на независноста или отстапување членство во ОН, ние не сакаме и не можеме да разговараме за тоа, а тоа е составен дел од тој план. Можеме да зборуваме за се друго“, изјави Вучиќ.

Прикажи повеќе