Српскиот претседател Александар Вучиќ повторно се најде во центарот на вниманието на спортската јавност со изјава поврзана за СП во Катар, откако во гостувањето на РТС тој најави дека во саботниот меч за бронзата ќе навива за селекцијата на Мароко.

Advertisements

„Не знам за кого ќе навивам во финалето, но уште сега можам да ви кажам дека во мечот за третото место ќе го бодрам Мароко. Тоа се наши вистински браќа, кои никогаш нема да го признаат Косово бидејќи и тие имаат сличен проблем со Западна Сахара. Сега ќе ми кажете дека цел Нови Пазар навива за Мароко, а јас треба да кажам дека нема да навивам за нив бидејќи се муслимани? Па тие се наши браќа, пријатели“, истакна Вучиќ.

Тој обелодени дека навивал против Хрватска и на полуфиналниот дуел со селекцијата на Аргентина.

„Почитувам сечие мислење. Одете во Хрватска на море, јас нема да го правам тоа, слободно навивајте за Хрватска, ве има некои 11-12 проценти, јас нема да го правам тоа. Честитки за големиот успех, но јас и во полуфиналето навивав за Аргентина. Да бидам искрен, на сите натпревари навивав потив Хрватска, така ќе биде и во иднина и никој не може да ми го забрани тоа и секогаш ќе го кажувам она што го мислам“, прокоментира српскиот претседател./Ekipa.mk/

Прикажи повеќе