Стартуваше завршниот ВТА турнир во Форт Ворт, а на самиот почеток дојде до две изненадувања.
Втората светска тенисерка на ранкингот Онс Џабер загуби во првото коло од Арина Сабаленка со 1-2 (6-3, 6-7, 5-7). По два ипол часа Тунижанката го „положи оружјето“ пред разиграната ривалка од Белорусија. Џабер успеа да поведе со 6-3, меѓутоа тогаш на сцена стапи Сабаленка која вториот сет го доби во тај-брејк со 7-5, а потоа одлучувачкиот го реши пред доигрувањето со 7-5 во гемови.
Изненадување беше и победата на Марија Сакари која на отворањето на турнирот со 0-2 ја совлада Џесика Пегула. Грчката тенисерка важеше за аутсајдер на овој меч, меѓутоа двапати по тај-брејк со 8-6 и 7-4 успеа да ја надигра Пегула за почетно славје. Во следната рунда од групата Б ќе вкрстат победничките Сакари и Сабаленка, како и Џабер против Пегула./Gol.mk/