Вселенскиот авион на Американските вселенски сили, „X-37B“ се врати на Земјата откако мина рекордни 908 дена во орбитата.
Леталото слета во вселенскиот центар „Кенеди“ викендов, со што успешно ја заврши својата шеста мисија. Американската вселенска агенција НАСА не открива подробности за тоа што всушност, во вселената, прави вселенскиот авион на „Боинг“. Потврдено е само дека во октомври 2021 година е поставен сателитот „Фалконсат-8“, развиен од Академијата за воздухопловни сили на САД. Овој мал сателит се користи пет експерименти и сѐ уште е во орбитата. Дел од него е и фотоволтаичен модул за претворање на Сончевите зраци во микробранова енергија кон Земјата.
– Од првото лансирање на „X-37B“, тој собори голем број рекорди и ѝ даде на нашата нација неспоредлива можност за брзо тестирање и интегрирање на новите вселенски технологии, рече Џим Чилтон, потпретседател на компанијата „Боинг Спејс енд лонч“ (Boeing Space and Launch).
Вселенскиот авион којшто изгледа како помала верзија на вселенските бродови на НАСА, првпат полета во 2010 година, а неговата намена се крие во делумна тајност. Некои од експериментите вклучуваа изложување на семиња на вселенски услови заради сознанија за одгледување на култури за идни меѓупланетарни мисии, како и за вселенското зрачење на различни материјали.