Поради зимската бура и екстремно ниските температури, властите во Тексас времено им забранија на компаниите за електродистрибуција да им доставуваат сметки за струја на граѓаните или да ги исклучуваат мрежите поради неплатени сметки, соопшти гувернерот на оваа американска сојузна држава Грег Ебот.
– Жителите на Тексас кои во текот на студените денови останаа без електрична енергија не треба да бидат изложени на астрономски сметки за струја, истакна Ебот на прес-конференција во Сан Антонио, додавајќи дека државата наскоро ќе пронајде начин да ги заштити тие потрошувачи.
Според гувернерот, за само пет дена колку што траел студениот бран, граѓаните кои имале електрична енергија добиле сметки и до 5.000 долари за тој петдневен период поради зголемена потрошувачка.