Поранешното претседателско семејство Трамп имале исклучително необични навики и барања од вработените во нивниот хотел, кои добивале упатства „чекор по чекор“ што да прават кога двојката доаѓале во хотелот.

Вработените за „Вашингтониан“ открија каков бил протоколот и што имало на менито кога ќе дошол Трамп во нивниот хотел во Вашингтон.

Додека бил претседател, Доналд Трамп ретко излегувал, но кога го правел тоа, главно одел во неговиот хотел кој се наоѓа пет блока од Белата куќа.

EPA-EFE
Фото: Епа

Секогаш седел на масата број 72 со тркалезна кабина, која се наоѓа во мезанин, во центарот на случувањата. Тоа место секогаш било резервирано за него.

Во документот „Стандардна оперативна постапка“ објавен во магазинот, детално се опишува што требало да се прави кога поранешниот претседател ќе дојде на вечера во неговиот ресторан во хотелот.

Кога доаѓал, секогаш прво користел средство за дезинфекција на рацете и пред појавата на коронавирусот. За Доналд Трамп е познато дека има гермафобија, патолошки страв од бацили (класа на бактерии).

EPA-EFE
EPA-EFE/Oliver Contreras

Тогаш келнерот требало да го поздрави, во зависност од времето на денот, со добро утро, добар ден или добра вечер, „Господине претседателе. Дали ја сакате вашата диетална Кока-Кола со или без мраз?“

Инструкциите за ставање на сокот содржеле 7 чекори и биле илустрирани со 4 фотографии. Келнерот морал да го отвори пијалокот пред него, никогаш порано. Отварачот за шишето да го држи во едната рака а диеталната Кока-Кола во другата, и тоа во долната третина. Пијалокот секогаш требало да стои на неговата десна страна.

Менито секогаш се состоело од истите јадења: коктел од шкампи, добро печен бифтек, помфрит и понекогаш пита со јаболка или чоколадна торта за десерт.

Profimedia
Profimedia

Покрај тоа, послужавникот со нездравата храна требало да биде подготвен при секоја негова посета. Чипс со вкус на павлака и кромид, четири вида чоколади, гумени бонбони, бисквити и суво грозје покриено со чоколадо.

И Меланија имала свои необични побарувања, како на пример, храната да не се украсува. Во една прилика, таа го вратила јадењето затоа што било посипано со магдонос и власец.

На Доналд никогаш не му се случило да ја врати храната, но еднаш се пожалил дека добил помал бифтек од лицето со кое вечерал. Ресторанот тогаш за претседателот нарачал шницли од 100 сантиметри.

EPA-EFE
EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Тој бил зависник од Кока-Кола, пиел по неколку чаши секој ден. Имал дури и специјално копче на својата работна маса во канцеларијата кое го пристискал секогаш кога ќе му затреба повеќе сок.

Нивното семејство и пријатели секогаш престојувале во хотелот кога биле во градот. Лобистите пиеле во барот, републиканците имале вечери за собирање средства, а новинарите се состанувале со соговорниците со скапи пијалоци.

Од хотелот секој ден добивавме книги со податоци на оние кои престојуваа во него – нивното име, слика и титула“, вели поранешниот главен готвач Шон Матијевиќ. Тој додава дека и дел од вработените во Белата куќа, барале третман како ѕвезди.

EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Најозогласениот гостин бил приватниот адвокат на Трамп, Руди Џулијани, кој деновите практично ги поминувал во ресторанот.

Со оглед на тоа што тој повеќе работел таму отколку што јадел, вработените му направиле плакета на која пишува „Приватна канцеларија на Рудолф Ф. Џулијани“ и ја поставувале секогаш кога бил таму.

Џулијани ми беше најтешкиот гостин“, вели Матијевиќ.

Profimedia

За разлика од нив, вработените за децата на Трамп велат дека биле повлечени и пристојни гости.

Така, еден од поранешните вработени вели дека единственото нешто кое го памти како пропуст било кога Иванка се појавила во хеланки и уживала во една маргарита.

Instagram
Instagram

Тие кога доаѓаа, ќе ја завршеа својата работа и си одеа“, вели пронешната помошничка на генералниот директор на хотелот Алис Оклак за децата на Трамп, додавајќи дека Ивана секогаш седела со грб кон остатокот од ресторанот, бидејќи не сакала да ја забележат.