Набргу по објавувањето на официјалниот датум на премиерата на повторното обединување и новата специјална епизода на популарните „Пријатели“, на „Букинг“ повторно стана популарна репликата на станот и другите простории каде што беше снимена една од најпознатите американски серии на сите времиња.
Иако внатрешните сцени на серијата беа снимени во студио во Лос Анџелес, надворешноста на зградата беше снимена во Њурјок – на улицата каде што може да се посети „The Friends Experience“.
Посетителите имаат пристап до 18 соби кои содржат реквизити од култниот стан и каде може да се рекреираат најпознатите сцени од серијата.
Можете да го посетите станот на Рејчел и Моника, да уживате во удобните фотељи на Чендлер и Џои, но исто така да пробате некои од оригиналните костими прикажани во десетте сезони од серијата.
За посетителите навечер се организира посебна вечера, а наутро можат да уживаат во кафе и колачи во познатиот „Central Park“ – каде редовно се собираа шестмината.
Цената за една ноќ е 19,94 американски долари затоа што првата епизода на серијата беше премиерно прикажана во 1994 година, а посетителите можат да уживаат во ова искуство најмногу две ноќи по ред.