Соединетите држави се приклучија на растечкиот број земји во наметнувањето ограничувања за посетителите од Кина, откако Пекинг објави дека ќе ги отстрани ограничувањата за патувања во странство иако бројот на заразени со ковид-19 се зголемуваат во таа земја.

Advertisements

Болниците ширум Кина се преплавени од експлозија на инфекции по одлуката на Пекинг да ги укине строгите правила кои во голема мера го задржаа ширењето на вирусот, но ја загрозија економијата и предизвикаа широки протести. Како одговор, Соединетите држави и голем број други земји објавија дека ќе бараат негативни тестови за ковид-19 за сите патници од Кина.

Прикажи повеќе