Во Културно-информативниот центар во Софија денеска, во пресрет на Денот на независноста – 8-ми септември ќе се одржи промоција на книгите „Цариградски емигрант“ и „Граница“ од Луан Старова.
За промоцијата на книгите од големиот македонски писател со албанско потекло ќе присуствуваат: издавачот Пламен Тотев, преведувачот Маријан Петров, како и семејството на писателот. Двете книги, во превод на бугарски јазик, излегоа од печат оваа година како изданија на издавачките куќи „Персеј“ и „Изида“, соопштија од КИЦ во Софија.