Денеска, по претходно добиени оперативни информации, од страна на полициски службеници од Отсекот за странци при Регионалниот центар за гранични работи Север во соработка со трудов инспекторат извршена е контрола во правно лице во Скопје.

При контролата биле затекнати седум турски државјани, кои незаконски работеле во државата.

Лицата биле приведени во Полициската станица Кисела Вода и во текот на денот до Основниот суд Скопје1, против нив ќе биде поднесено барање за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по Закон за странци, спротивно на член 23, а казниво по член 217 став 1 точка 2.

Текстот Во скопска фирма затекнати седум турски државјани кои незаконски работеле е превземен од МАКФАКС.