Швајцарија се соочува со недостиг од некои лекови поради проблеми во синџирите за набавка, коишто, како што се тврди, се предизвикани од мерките за сузбивање на Covid-19 во Кина и војната во Украина, предупреди во петокот швајцарското здружение аптеки.
„Најмногу проблеми со лековите за деца, особено со сирупот за намалување на телесната температура. Недостигаат и лекови за крвниот притисок, психијатриски и лекови за Паркинсоновата болест“, изјавил Енеа Мартинели од здружението „pharmaSuisse“ за телевизијата SRF.
Ситуацијата предизвикува лекарите во некои случаи да бидат принудени да ги набавуваат лековите од странство, изјавил во разговорот за јавната телевизија SRF претседателот на швајцарското здружение на аптекарите.
Инаку Швајцарија е седиште на големите мултинационални фармацевстски компании како „Roche“ и „Novartis“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.