САД просечно регистрираат над 100.000 нови дневни случаи на Ковид-19 дневно, што е најголем број за речиси шест месеци, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, објави Си-Ен-Ен.

Последен пат кога просечната дневна вредност за седумдневен период надмина 100.000 случаи беше на 11 февруари, покажуваат податоците.

Земјата достигна низок просек за 2021 година од 11.299 дневни случаи на 22 јуни. Зголемувањето на бројот, главно меѓу невакцинираните луѓе, е поттикнат од ширењето на Делта варијантата на коронавирус. Бидејќи половина од американското население е невакцинирано, хоспитализациите и смртните случаи, исто така, се зголемуваат.

Алармантниот пораст на заразени случаи и хоспитализации доаѓа кога милиони ученици се враќаат во образовните институции. Разговорите за носење маски во училиштата уште еднаш ја отвораат дебатата за напорите за ублажување меѓу државните и локалните службеници во училиштата.

На Флорида, каде има највисока стапка на хоспитализација од коронавирус во земјата, училишните службеници вчера за Си-Ен-Ен изјавија дека сакаат да ги задржат мерките за носење маски меѓу своите ученици и персонал. Но, тие се загрижени поради ставот против носење маски од страна на републиканскиот гувернер Рон Десантис, кој се закани дека ќе ги повлече финансиските средствата од училиштата кои имаат такво барање.  (МИА)