Романскиот премиер Флорин Кацу денеска во Парламентот потврди дека вакцинацијата против коронавирусот нема да биде задолжителна.
– Постои предлог-закон за вакцинација кој веќе три години е во Собранието и нема никаква врска со тековната кампања за имунизација, одговори Кацу на прашањето за можноста населението да биде законски обврзано да се вакцинира против Ковид-19.
Тој додаде дека немало никаква дискусија за тоа и дека министерот за здравство Реад Араф веќе претходно објавил дека кампањата за вакцинација против Ковид-19 нема да биде задолжителна за населението. (МИА)