Во Приштина престојуваа специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак и советниците за надворешна политика на Макрон и Шолц назначени за овој дијалог, Плетнер и Боне. Емисарите се сретнаа со премиерот Албин Курти во седиштето на Владата, каде што фокусот беше ставен на разгледување на опциите за напредок во дијалогот и нормализација на односите меѓу Приштина и Белград. Лајчак кратко зборуваше по средбата што ја имаше со премиерот Албин Курти. Лајчак рече дека со Курти разговарале повеќе од два часа за дијалог и придвижување на процесот. Словачкиот дипломат кој е задолжен за посредување меѓу Приштина и Белград рече дека го завршиле првиот дел од мисијата во Приштина. Во меѓувреме, кабинетот на Курти преку коминике соопшти дека на средбата било истакнато дека Косово ја покажало својата волја и подготвеност да се вклучи во принципиелен и добро подготвен дијалог. Лајчак и советниците зад Приштина отидоа во Белград на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ со ист фокус, наоѓајќи начин за договор меѓу двете земји. Ова е првпат Берлин и Париз да бидат толку директно посветени на дијалогот, каде покрај пратениците од Брисел, имаат задача и со дополнителни советници. Одлуката им била соопштена на Курт и Вучиќ со писмо каде јасно било наведено дека нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија е од суштинско значење за Западен Балкан.
„Како што видовте, ние штотуку поминавме повеќе од два часа со премиерот Албин Курти, разговарајќи за дијалогот и како да ја зголемиме динамиката во процесот и да го придвижиме процесот напред. Тоа беше многу длабока и важна дискусија и мислам дека ќе разберете дека не можеме да навлегуваме во детали бидејќи, се разбира, истата дискусија ќе ја имаме подоцна денеска со претседателот Вучиќ, па велам дека го завршивме првиот дел од мисијата. во Приштина“, изјави Мирослав Лајчак, специјален пратеник на ЕУ за дијалог Косово-Србија.