СДСМ закажа Централен одбор кој ќе се одржи во понеделник. На истиот партијата ќе го избира мандатарот и новото партиско раководство, а исто така и по овој состанок ќе се знаат имињата на заменик-претседателот на партијата, потпретседателите и генералниот секретар.

Од СДСМ потврдуваат дека Ковачевски води интензивни разговори и со актуелни и со поранешни високи функционери и членови, но без детали што тоа ќе значи за партиските позиции.

Досега од функцијата потпретседател се повлече Мила Царовска, а ваква можност најавија и другите двајца потпретседатели Венко Филипче и Оливер Спасовски.