Во несреќата на филипинскиот воен авион „Ц-130“ досега како загинати се водат 31 војник, а тамошните воени власти денеска јавија дека 50 лица се спасени.

Во првичниот биланс од несреќата, се манипулираше со бројка од 17 загинати и 40 спасени лица.

Авионот со 85 патници, тројца пилоти и седум члена на екипажот, денеска се урна при обид да слета на островот Џоло, во провинцијата Сулу, соопшти армијата.

Властите соопштија дека пилотите преживеале, но биле повредени, а дека за време на слетувањето на авионот на земјата биле повредени уште четворица локални жители.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнатите.

Засега не е позната причината за падот на авионот.

Многу војници од авионот неодамна ја завршиле основната воена обука и биле испратени на островот да се борат против тероризмот во овој претежно муслимански регион, пренесоа француските медиуми. Филипинската војска во јужните делови од земјата со години наназад се бори против исламистичката организација Абу Сајаф, која Вашингтон ја смета за терористичка. (МИА)