Данската биотехнолошка компанија „Баваријан нордил“ соопшти дека Европската комисија дозволила нејзината вакцина „имванекс“ да се пласира на пазарот како заштита од мајмунски сипаници, што пак е препорака од Европската агенција за лекови.

Одобрението пристигнува само еден ден откако Светската здравствена организација објави предупредување на високо ниво во кое епидемијата на мајмунски сипаници брзо се шири и е прогласена во глобална здравствена вонредна ситуација.

Достапноста до одобрените вакцини може значително да ја зголеми подготвеноста во борбата против новата болест, изјавил извршниот директор на данската компанија, Пол Чаплин.

Вакцината „имванекс“ е единствената која добила дозвола за превенција на мајмунски сипаници во САД и Канада. Досега во ЕУ беше одобрена само за лекување на големите сипаници.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.