Египетското Министерство за туризам и антиквитети соопшти дека во јужен Египет, археолози откриле мала сфинга „со насмеано лице и две дупчиња на образите“, за којашто се вели дека го претставува римскиот император Клавдиј. Пронајдени се и остатоци од олтар изработен од варовник.
Овие два предмети се најдени во гробница на две нивоа во храмот „Дендера“, којшто се наоѓа 450 километри јужно од главниот град на Египет – Каиро. Покрај сфингата, имало и камена плоча од римската ера, со натписи испишани со демотичко писмо и хиероглифи.
Според наводите, египетската Влада сака со овие откритија да привлече повеќе посетители и да ѝ вдахне нов живот на туристичката индустрија во земјата, инаку тешко погодена од економската криза.
Прикажи повеќе