ТВ21 објави на кое се потпишани членови на ДУИ, меѓу кои поранешни министри и сегашни пратеници и градоначалници, како што се Изет Меџити (пратеник и потпретседател на ДУИ), Блерим Беџети (градоначалник на Сарај), Висар Ганиу градоначалник на Чаир, Мерита Коџаџику (пратеничка), Невзат Бејта (поранешен министер и градоначалник на Гостивар), Муса Џафери (поранешен вицепремиер).

Во писмото се вели дека имајќи ја предвид создадената организациона состојба внатре во ДУИ во период од две години, должни се да го кренат гласот и да реагираат тоа што го создавале со душа, односно Демократската унија за интеграција, да ја вратат на позицијата како што се развиваше цели 18 години. Во писмото обвинија дека Артан Груби се однесувал дилетантски и организационо, и дека тој, како единка одлучувал за сите кадровски решенија. Две години немало статутарни партиски органи, а поради ова велат, политичкото одлучување станало индивидуална сопственост, алудирајчи на Груби. Меѓудругото во писмото потписниците бараат, Политичка дебата внатре партијата за надминување на ваквата состојба; Одговорност и отчет од носителите на извршната власт; Апелираат да се прекине внатрешната политичка „војна” во партијата; ги повикуваа членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на овие појави и оваа состојба; Бараат од претседателот на ДУИ, Али Ахмети, да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство.