DUBAI Miracle Garden, односно Волшебната градина во Дубаи, е најголемата градина со природни цвеќиња во светот.

Отворен е за посетители од 2013 година, а во него се засадени повеќе од 150 милиони цвеќиња и се простира на 72 илјади квадратни метри. Цветовите се одржуваат со користење на прочистена отпадна вода, а дневно се трошат повеќе од 700.000 литри вода.

Во 2016 година, оваа градина беше вклучена во Гинисовата книга на рекорди за најголемата скулптура направена од цвеќиња. Станува збор за скулптура во форма на Ербас А380 на Емирати.

Дубаи Miracle Garden одамна стана омилена дестинација за многу љубители на природата и прошетките. Многу заљубени парови кои сакаат да се венчаат во градината доаѓаат и тука поради неописливо убавата околина. Во просек, 1,5 милиони луѓе го посетуваат ова место. Цената на билетот за возрасни е 13, а за деца 9 евра.