ДЕКЕМВРИ за многумина е најубавиот месец во годината. Многу луѓе уживаат во празничната атмосфера и ја користат секоја прилика да се забавуваат што повеќе и да се дружат со семејството и пријателите. Ова се хороскопските знаци кои најмногу уживаат во божиќните празници.

Рак

Божиќните празници се драгоцени за Раковите бидејќи тоа е време кога целото семејство е заедно. Сакаат се да биде совршено, па се трудат да купат подароци, да украсуваат борови и да си го украсат домот, а на гозбата што ќе ја приготват би и позавиделе некои ресторани. На Раковите им е важно само да ја видат насмевката на луѓето што ги сакаат.

Бик

Биковите особено го сакаат декември бидејќи можат да се релаксираат и да уживаат во добра храна и пијалоци без каење. Тие се лојални посетители на куќите на Адвент каде ги дегустираат сите специјалитети, додека божиќните празници ги поминуваат со семејството уживајќи во колачи и домашна храна.

Стрелец

Опуштените Стрелци се исклучително возбудени за божиќните празници. Добрата храна, пијалок, божиќни песни и филмови и дружење со семејството се нивната идеја за убаво време, па едвај го чекаат овој период од годината. Ако сепак добијат шанса да отпатуваат некаде со своите сакани, нивната среќа никогаш нема да заврши.

Лав

Иако моментите со семејството и пријателите им значат многу, Лавовите најмногу им се радуваат на подароците. Тие едвај чекаат да го одвиткаат подарокот и да видат дали го добиле тоа што го посакувале. Празниците се исто така одлична можност за нив да се задоволат со своите хедонистички аспирации и да уживаат во храната и пијалоците колку што е потребно.