На граѓаните во 2020 година им го испорачавме се она што им го ветивме. Буџетот за следната година е значаен потенцираше Заев за економско зазравување и забрзан раст, кој пак е составен од четири столба.

  1. Економско заздравување од Ковид-19
  2. Забрзан инклузивен и одржлив економски раст
  3. Зајакнување на конкурентноста на приватниот сектор
  4. Развој на човечките ресурси и еднакви можности

„Во 2021 година обезбедуваме одржливост, рационализација на трошењето преку оптимизација на расходите на јавната администрација, дигитализација на јавните услуги, како и претцизни прокети со цел ефикасно справуање со епидемијата. Дополнително обезбедена е буџетска резерва на продолжено траење на пандемијата.“, рече Заев.

За 2021 година проектирана е и развојна компонента, што значи дека Владата ќе продолжи да инвестира во патна и железничка инфраструктура, енергетика, гасификација, градинки, болници, училишта, живота средина, комунална инфраструктура и социјалните станови.

„Клучен капитален проект е Коридорот 8, главната артерија која и инфраструктурно ја поставува Северна Македонија како крстопат меѓу соседите, а ги поврзува Јадранското море и Црното море. Капиталните инвестиции се планирани на 23 милијарди денари, за 20% повисоко во однос на планот за 2020 година.“, вели Заев.

Министерот за финансии Бесими, вели дека доказ за добрите политики на Владата се констатациите од Меѓународниот монетарен фонд како и задржувањето на кредитниот рејтинг на земјата.

„Дали ќе биде лесно во наредниот период, покрај ова да се излезе ова оваа ситуација што ја имаме сега, покрај сите политики, морам да кажам искрено и отворено и 2021 година нема да биде лесно од аспект на економијата. Меѓутоа бројките кои ги покажавме во 2020 не охрабруваат.“, изјави Бесими.

Според Владата, идната година ќе биде година на ресетирање и заживување. Додаваат дека Буџетот е избалансиран, одговорно планиран и кроен соодветно, за да одговори на предизвиците.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, велат дека подобрувањето на економската состојба во Македонија е само во главата на Зоран Заев. Според нив буџетот за 2021 година е расипнички и неразвоен.