СЕКОЈ кој страдал од скршено срце знае какво тешко искуство е тоа. Личноста е повредена, а чувството на предавство, очај и невозвратена љубов може да трае со месеци. Можеби астрологијата може да ви помогне да се заштитите од болка. Според ѕвездите, луѓето родени во овие знаци се најголеми срцекршачи.

Стрелец

Стрелците се слободоумни луѓе кои не сакаат да бидат врзани. Тие се ценат себеси и својата независност многу повеќе отколку што го сакаат партнерот, па во еден момент можат да одлучат дека им е доста. Иако се меѓу знаците кои веројатно ќе ви го скршат срцето, барем ќе бидат искрени и никогаш нема да ве влечат долго наоколу.

Риба

Рибите се познати по тоа што се љубезни, топли и чувствителни, но можат и да ви го скршат срцето без око да им трепне. Тие не раскинуваат на традиционален начин бидејќи не сакаат да бидат негативци. Тие често играат на картата на жртвата и се однесуваат како сè да е ваша вина. Ќе измислуваат приказни за вашите грешки и ќе ги убедат луѓето дека вие сте одговорни за проблемите. Најважно им е да испаднат добри во целата приказна.

Водолија

Водолиите се убедени дека никој не им треба. Тие веруваат дека никој не им е еднаков на интелектуално ниво, па често не ги гледаат своите партнери како рамноправни. Она што многумина не го знаат е дека Водолиите се плашат од интимност и тоа е една од главните причини поради кои одлучуваат ненадејно да раскинат.

Јарец

Ако Јарецот изгуби интерес за партнерот, нема долго да остане во врската. Овие луѓе не се склони кон ризик, па без многу емоции ќе ја прекинат врската во која не гледаат иднина. Попрво би биле сами отколку да се согласат на компромис, но не сфаќаат дека секоја цврста и стабилна врска бара многу труд и жртви.