ВМРО-ДПМНЕ соопштение реагираше на веста дека Фрчкоски нема да биде амбасадор на РС Македонија во САД.

„Уште еден пораз на земјава донесен од Заев. Љубомир Фрчковски не може да биде амбасадор на земјава во САД особено што има портфолио на тепач на жени и е лустриран соработник на државните служби. На ранг на дипломатски скандал е што владата мислеше дека домат дипломатијата на Заев – Димитров може да направи пробив со скандал мајстор како Љубомир Фрчковски.
Уште поскандалозно е што Заев останува во потрага по нова функција на Фрчковски кој очигледно не е подобен за амбасадор. Освен Заев што се брука во земјава се брука и надвор од државата.
Заев е магнет за неспособни кадри. Љубомир Фрчковски беше министер за внатрешни работи кога се случи нерасветлен атентат на претседателот Киро Глигоров и кога на големо се случуваше шверц на цигари и нафта. Со неговото име се врзуваат сите скандали од транзицијата од чие време потекнува и кариерата на аболираниот криминалец Зоран Заев. Со ова се покажува несериозниот однос на земјава кон најсериозните дипломатски прашања“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.