„Во изборната кампања во 2021 година, кандидатот на СДС, Зоран Заев и Венко Филипче, Стевчо Јакимовски вети катна гаража на Орце Николов.

Вети дека до 2025 година ќе изгради катна гаража на четири нивоа и дека со тоа ќе се реши проблемот со паркирањето во Карпош 2.

Еве ја дојде и ветената 2025 година, но катна гаража на Орце Николов во Карпош 2, нема. Тоа што го има се само дупки, купишта ѓубре и голем метеж, посебно во работните денови“, оценуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прашуваат, зошто граѓаните нема каде да ги паркираат своите возила, зошто, како што велат, хроничниот лажго и за катната гаража излажа.

„Кандидатот на СДС, Заев и Филипче, Стевчо Јакимовски на граѓаните им вети дека ќе го реши проблемот со паркирањето во Карпош 2. И по четири години проблемот не е решен, туку напротив, сега, за разлика од пред четири години.

Не може да му се верува на Стевчо Јакимовски, кандидат на СДС, Заев и Филипче, зошто исто како неговите поддржувачи, а зине а лаже, а вети нешто, не исполнува.

Јакимовски лаже како што лажеа Заев и Филипче“.

Карпошани, додаваат од партијата на власт, нема да дозволат, повторно Заев и Филипче, преку Стевчо Јакимовски, да имаат градоначалник во Карпош.

„Општината нема нови 4 години за губење, затоа што е време за вистинскиот избор. Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина“

Текстот ВМРО-ДПМНЕ: „По четири години ја нема катната гаража која Јакимовски, кандидат на СДС, Заев и Филипче ја вети на Орце Николов во 2021“ е превземен од МАКФАКС.