ДУИ, која со години го блокираше патот на Северна Македонија кон ЕУ, бара отчет зошто ВЛЕН за шест месеци не го деблокира европскиот пат, велат од оваа партија.

„Партиjaтa нон грата ДУИ уште еднаш докажува дека е пропадната партија без идеали. Партијата нон грата ДУИ, која со години молчеше за реформите во правосудството и кога ЕУ ги раздели Албанија и Северна Македонија на патот кон ЕУ, денес бара овие работи да се средат преку ноќ со магично стапче. Им велиме дека да, Северна Македонија ќе биде членка на Европската Унија, но никогаш со антиамериканска партија како ДУИ во Владата. ДУИ нон грата, партијата која го уништи правосудниот систем во земјава, се втурна во корупција и организиран криминал, повикува на европските вредности. Партија која 20 години, освен што не мрдна ниту еден камен на патот кон Европската Унија, го уриваше секој мост што го поврзуваше нашето општество со ЕУ, со партизација до крајност на судството, истовремено со обид за амнестија на лица нон грата како Груевски и Мијалков“, истакнуваат во соопштението.

Коалицијата ВЛЕН, кско што додаваат од таму, е силно ангажирана во спроведувањето на обврските од ЕУ и го чекаме последниот момент од формирањето на политичката влада во Бугарија за да се затвори спорот со Бугарија и конечно да се отвори поглавјето од преговорите со ЕУ.

„Оние кои беа повикани на европските вредности, ја пополнуваат американската црна листа. Коалицијата ВЛЕН се залага за лечење на раните кои ДУИ ни ги остави како товар. Заздравувањето на овие рани во државните институции бара време. Во рамките на овој мандат, Северна Македонија ќе ги отвори преговорите со ЕУ и ќе биде многу блиску до полноправно членство во ЕУ“, потенцираат од ВЛЕН.