Познат е синергетскиот ефект на витаминот Ц со витаминот Е, кои взаемно ја поддржуваат антиоксидантната функција.
Витамините се од суштинско значење за здравјето и за сите телесни функции, па оттука и за здравјето на кожата како најголем орган во нашето тело. Освен во храната, витамините се достапни во дополнителна форма како суплементи, но за подобрување на состојбата на кожата тие, исто така, се наоѓаат во козметичките производи за нега на кожа. Грижата за кожата е важен дел од начинот на одржување на здравјето, затоа треба да се осигурате дека имате доволно витамини кои ја одржуваат добрата состојба на кожата.
УЛОГАТА НА ВИТАМИНИТЕ Ц и Е, ДВЕ ПРИРОДНИ КОМПОНЕНТИ ЗА ЗДРАВА КОЖА И МЛАДЕШКИ ИЗГЛЕД
Популарноста на витаминот Ц во светот на козметиката се должи на неговите бенефити, пред сѐ затоа што дава брзи, видливи и корисни резултати во намалување на хиперпигментацијата и подобрување на тенот. Покрај тоа, витаминот Ц има витална улога во синтезата на колаген, со што кожата подолго време го задржува младешкиот изглед. Како моќен антиоксидант, помага да се спречат оштетувањата на клетките и ткивата, а со тоа го спречува предвременото стареење на кожата и ја намалува појавата на брчки. Има антиинфламаторно дејство со кое го забрзува заздравувањето на кожата, го спречува црвенилото, па дури помага и при изгореници од сонце.
Витаминот Е, познат по неговите придобивки за здравјето и изгледот на кожата, има антиоксидантни својства кои помагаат во одбраната од надворешните фактори кои предизвикуваат несакани промени на кожата. Може да биде корисен за намалување на УВ оштетувањето на кожата, помага за спречување на темни дамки и брчки и во смирување на кожата, ја подобрува еластичноста на кожата и придонесува за здрав, младешки изглед.
ЗГОЛЕМЕТЕ ГО ЕФЕКТОТ НА ВИТАМИНОТ Ц СО ВИТАМИНОТ Е
Познат е синергетскиот ефект на витаминот Ц со витаминот Е, кои взаемно ја поддржуваат антиоксидантната функција. Витаминот Е помага во подобра апсорпција на витаминот Ц, создавајќи ефекти на осветлување и ексфолијација на кожата. Кога се употребуваат заедно во козметичките производи го подобруваат изгледот на нерамномерен тон на кожата и ја зајакнуваат одбраната на кожата од штетните влијанија на надворешната средина.
КОРЕЈСКИОТ БРЕНД By Wishtrend ГИ ПРЕПОРАЧУВА СЛЕДНИТЕ ДВА ПРОИЗВОДИ ЗА ВИТАМИНСКА НЕГА НА КОЖАТА
Pure Vitamin C 21.5% и Vitamin 75 Maximizing Cream на корејскиот бренд by Wishtrend се производи за нега на кожата со моќни антиоксидантни и анти-ејџинг ефекти. Тие придонесуваат за интензивна витаминска и хидратантна нега, со која се постигнува осветлување и подобрување на текстурата на кожата и намалување на лузните од акни. Се препорачува за мрсна и комбинирана кожа, за оние кои имаат проблеми со пигментацијата од акни, како и за уморна и груба кожа. Комбинираното користење на овие два производи го зајакнува нивното дејство и го зголемува нивниот ефект.
By Wishtrend Pure Vitamin C 21.5% Advanced Serum. Ако сакате да го искусите максимално ефикасното дејство на чистиот витамин Ц, пробајте го овој серум кој е дизајниран со поедноставена и оптимизирана формула со висококонцентриран витамин Ц (21,5%) и 70% екстракт од бобинки од Hippophae rhamnoides (волчји трн). Волчјиот трн е познат уште и како „витаминско дрво“ поради својата богата содржина на витамин Ц која е за неколку пати поголема од онаа содржана во портокалот или лимонот. Toj e добар извор на масни киселини и помaгa во зајакнувањето на функцијата на бариерата на кожата, во задржување на влажноста и зголемување на хидратацијата воопшто. Ако сте во потрага по производ кој дава видливи резултати за краток временски период, ова е вистинскиот производ за вас.
Серумот со своите активни состојки го осветлува затемнетиот тен на кожата и го отстранува уморниот изглед. Делува антиоксидантно и антибактериски, со ефективна ексфолијација ги отстранува акните и лузните од акни, како и пигментираните дамки и придонесува за убав тен и текстура на кожата. Се препорачува за уморна кожа, склона кон акни. Поради високата концентрација на витамин Ц, овој серум не треба да се користи на дневна основа, туку повеќе како додаток на вашата специјална рутина за нега и третман на проблематичните делови од кожата. Тоа е вегански производ, кој не содржи вештачки бои и ароми.
By Wishtrend Vitamin 75 Maximizing Cream. Овој крем се користи наутро и навечер и ја зголемува апсорпциската моќ на кожата и синергетскиот ефект на витамините E и Ц. Делува смирувачки, анти-ејџинг и ја подобрува природната бариера на кожата. Овој витамински крем е збогатен со 75% витаминска вода екстрахирана од волчји трн и природни масла кои содржат витамин Е, кои ја прочистуваат и ревитализираат кожата. Витаминската вода од волчји трн помага во осветлување и прочистување на кожата, додека витаминот Е обезбедува смирувачко и навлажнувачко дејство. Има текстура слична на гел, лесно се апсорбира без лепливост, а на кожата ѝ дава свиленкаст и мазен изглед. Не содржи вештачки бои и ароми, не предизвикува иритација и е погоден за сите типови на кожа.
—————————————————————————————
Производите на корејскиот бренд By Wishtrend можете да ги најдете ексклузивно во Оlpeo, продавница специјализирана за корејска козметика, единствена од ваков тип во нашата земја, на продажните места во ГТЦ во Скопје, на првиот кат и Палма мол во Тетово, како и на www.olpeo.mk.
(комерцијален текст)