Корисничка на социјалната мрежа „TikTok“ под псевдонимот „ELLAB.2“ стана вирален хит заради „експериментот“ со мобилниот телефон што го стави во микробранова печка.

Девојката објави видео на својот профил во кое се гледа како го става мобилниот телефон во микробранова печка „за да види што се случува со нејзината пица“.

Видеото на „TikTоk“ собра стотици илјади преглади, а видеото веднаш го споделија илјадници луѓе кои почнаа да ја навредуваат девојката под претпоставка дека мобилниот телефон „експлодирал“ или целосно изгорел.

@ellab.2

♬ original sound – ella

Сепак, многумина го пропуштија фактот дека видеото што е објавено е направено со мобилниот телефон што се наоѓа во микробрановата печка, а корисничката дополнително објасни што се случило.

Го ставив мобилниот телефон во микробрановата печка. Во ред е“, рече таа.

@ellab.2

Reply to @albertss_felipe

♬ original sound – ella

Со нејзиното објаснување, стана јасно дека воопшто немала намера да сними што се случува со загревањето на пицата, туку дека намерно снимила ваква содржина знаејќи дека многумина ќе се фатат на „јадицата“ и дека видеото ќе стане популарно.