Нашата пејачка Викторија Лоба е една од јавните личности која е позната по својот здрав начин на живот и е позната по тоа што постојано се обидува да изгледа природно…

Таа не ги следи трендовите како голем број познати личности како низ светот, така и кај нас, кои посегуваат по бројни естетски зафати со кои се обидуваат да изгледат „поубаво“.

За среќа Лоба е меѓу оние кои претпочитаат природна убавина, прифаќајќи ги своите мани и недостатоци доколку ги има, затоа што токму тоа е она што нѐ прави посебни.

;

Викторија Лоба е активна на социјалните мрежи каде постојано објавува фотографии од својот приватен живот со кои постојано ги инспирира своите бројни обожаватели и пријатели.

Пред неколку дена, таа објави фотографија на која позира без грам шминка, потенцирајќи го токму природниот изглед.

Сурово, отворено, реално. Бидејќи последното нешто што му треба на овој свет се лажни сра*а“, напиша Лоба во описот на фотографијата.