Во последните 24 часа, во Италија починале 415 пациенти како последица од коронаворисот, 63 повеќе од претходниот ден, објави Министерството за здравство на Италија.
Дневниот број на новозаразени е помал од претходниот ден и изнесува 10.872, но за време на викендот се направени помал број тестови, што резултираше со помал број нови случаи.
Во Рим денеска е регистриран првиот случај на заразено лице со новиот мутиран вирус, кој се рашири во Велија Британија.
Од почетокот на пандемијата во Италија, регистрирани се вкупно 69.214 смртни случаи, најмногу во Европа, а потврдени се над 1,96 милиони случаи на ковид-19, објави Ројтерс.
Во моментов, 25.415 лица се хоспитализирани во италијанските болници, а 2.731 во единиците за интензивна нега.