Кога во 1997 година на конференцијата за медиумите дојдоа членките на тогаш популарната поп група „Spice Girls“. Во целиот свет за нив владееше неверојатна хистерија, но Викторија Бекам токму тогаш не беше најдобро расположена. Нејзиниот израз на лицето, држењето за глава, а потоа и наглото заминување од салата ги загрижи сите.

Сега по 23 години, поранешната „спајсица“ конечно откри што се криело зад овој скандал.

Долги 23 години поминаа од фамозната коференција за медиумите во Бразил, на која се појавија Мел Би, Гери Хорнер, Ема Бантон, Мелани Си и Викторија Бекам. Овие денови во јавноста повторно се појави снимката, а во центар на вниманието беше токму Викторија.

Еден од корисниците на социјалната мрежа Инстаграм го искористи моментот кога младата Викторија едвај ги држи очите отворени, а потоа нагло заминува од салата, со цел да се пошегува на нејзина сметка. Покрај објавата тој го додаде и описот: „Ова сум јас на секој состанок преку Zoom“.

Instagram
Instagram

Тоа брзо се прошири на социјалните мрежи, а дојде и до самата Викторија, па така таа ја прифати шегата и објасни што всушност и се случувало тој ден.

„Во моја одбрана, тој ден бев ужасно мамурна“, напиша 46-годишната Британка, давајќи до знаење дека споменот од минатото добро ја насмеал.

Instagram
Instagram

Да се потсетиме Викторија на оваа конференција едвај ги држеше очите отворени, ја потпираше главата и ја држеше, а потоа наеднаш „излета“ од салата, збунувајќи ги новинарите, но и колешките од бендот. Сигурни сме дека забавата од претходната ноќ имала големо влијание на ова.

Преземено од Еспресо.мк