„Global Citizen“ синоќа ја одржа оваа прекрасна и амбициозна кампања за помош на медицинските работници во најсиромашните земји во светот за што поскоро тие да ја примат вакцината против ковид-19. Тие со овој гест апелираа дека е неопходно ковид-19 вакцините да бидат распределени рамноправно, без дискриминација на земјите од „третиот свет“. На концертот настапија Селена Гомез и Џенифер Лопез како главни ѕвезди.
Имено, синоќа се одржа „Vax Live“ – Концертот за повторно обединување на светот, со цел корпорациите да соберат неверојатни 22 милијарди долари за глобалното вакцинирање. Концертот, ќе биде емитуван на 8 мај на разни американски ТВ канали, но и на Јујтуб, а во него главни ѕвезди ќе бидат Селена Гомез и Џенифер Лопез.
Концертот во целост беше снимен синоќа.
Освен Џенифер, на овој хуманитарен проект му се придружија и уште многу други музичари, како бендот „Foo Fighters“, Еди Ведер, Џеј Балвин и „H.E.R.“.
„Постојат 27 милиони здравствени работници ширум светот кои немаат пристап до вакцините. Имам 38 години и не е етично да ја примам вакцината пред овие херои. Значи, потребно е владите итно да донираат дози вакцини во загрозените делови од светот“, изјави Хју Еванс, директорот на оваа организација.
„Ова е историски момент да ги поттикнеме луѓето ширум светот да ја примат вакцината кога таа ќе им биде достапна. Да ги повикаме светските лидери рамноправно да ги споделат дозите на вакцини. Ги повикуваме и луѓето да уживаат во музичката ноќ, која мината година ни се чинеше за невозможна. Едвај чекам да бидам дел од тоа“, изјави претходно Селена Гомез.