Музичар, кој себеси се нарекува Принц Миднајт, одлучил да направи електрична гитара од коските на неговиот починат вујко.
Вујкото Филип, како што раскажа Принц, го запознал со светот на метал музиката, а бидејќи според православната религија во неговата родна земја Грција, на кремирањето не се гледа со одобрување, тој го овековечил вујко му на свој уникатен начин.
Костурот на Филип бил дониран на еден локален унверзитет за студентите по медицина да го набљудуваат и да учат од него, но кога тие веќе немале корист од тоа, му го вратиле на семејството кое не сакало да го кремира, па така тој завршил кај Принц Миднајт.
Тој на градниот кош, `рбетот и карлицата ја додал сета неопходна електроника за гитарата и така го создал овој морбиден инстумент.
„Вујко ми може сега може да свири до вечноста. Тој тоа би го сакал, а јас сум многу горд на овој проект кој служи во чест на вујко ми, неговиот живот и неговото влијание врз мене”, изјави Миднајт за Унилед.