Во текот на вчерашниот ден полициски службеници извршиле претреси на седум локации при што приведени се пет лица, а пронајдена била лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога вредна речиси половина милион евра. Приведените лица имале изнајмени станови во Скопје, а дрогата ја продавале низ улиците по различна цена. На пример, амфетаминот го продавале по 2000 денари за еден грам, а кокаинот за 3000 денари за грам. Портоаролот на МВР, Тони Ангеловски потврди дека една од приведените во полициската акција е наставничка во едно основно училиште во Скопје. Претходно во месеците јануари, февруари и март, спроведена била криминалистичка истрага при што биле приведени други три лица поврзани со овој случај.

Пронајдени се околу 7 килограми амфетамин, околу 1 кг кокаин, околу 22 кг марихуана, автоматска пушка калашников, рамка за пиштоли и автоматска пушка, различни видови на муниција. Сосоци од евиденција на лица кои што купувале дрога и кои што должеле за наплата на дрогата, исто така четири возила кои што биле употребувани во продажбата на дрога и пари кои што се добиени со продажба на оваа дрога, изјави Тони Ангеловски, помошник министер во МВР.