Ева Лонгорија го чува детето во себе. Но, како таа толку лесно го одржува своето витко тело? Рецептот е едноставен – преку игра и танцување.
Актерката Ева Лонгорија (45) е позната во светот како една од очајните домаќинки, а таа дури и денес може да се пофали со затегнати мускули.
Таа изгледа обожава да тренира, а откако го роди синот Сантјаго во 2018 година, таа не чекаше долго да се врати во теретаната. Покрај Грант Робертс, тренерот на славните, се фокусираше на вежбите со тегови и многу брзо ги намали килограмите наталожени во бременоста.
Но, не мора се да биде така напорно, неодамна таа покажа и видео во кое се гледа како таа скока на мини трамболина.
„Не можам да живеам без својата трамболина“, напиша таа покрај краткото видео од забавниот тренинг со кој ги топи килограмите како од шега.
Освен тоа, времето активно го поминува во теретана и со синот со кој планинари и игра.
За оние за кои одењето во теретана е назамисливо, имаме предлог да го пробаат рецептот на оваа латино убавица.