Вулканот Етна вечерва повторно еруптира.
Новите ерупции почнаа на почетокот на оваа недела, а вулканот со денови исфрла облаци чад и пепел во воздухот.
Лавата што вчера ја исфрли Етна беше повисока од 1.500 метри, пишува „Гардијан“.
Етна е најактивниот вулкан во Европа, а вечерашната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении. Последната голема ерупција се случи во 1992 година.
Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат голема материјална штета или човечки жртви, јави Би-Би-Си, па локалните власти не очекуваат вечерашната ерупција да предизвика големи проблеми.
-Ова секако беше една од најспектакуларните ерупции во последните децении, изјави Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика.