Нашиот претставник на 65-тото издание на Евровизија, Васил Гарванлиев ќе настапи со песната „Here I Stand“. Песната е работена според мелодија и текст на самиот Гарванлиев, а за аранжманот и продукцијата се задолжени Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

Васил вчера на социјалните мрежи сподели тизер од песната со што ги израдува своите обожаватели кои за прв пат имаа прилика да слушнат дел од евровизиската песна!

Официјалната промоција на песната е закажана на 11 март. Песната е снимена во реномираното студио „Frames“ во Скопје, со симфониски оркестар во живо, а придружните вокали се снимени во Чикаго.

Тизерот најавува дека оваа година ќе имаме уникатна песна на која ѝ претстои висок пласман. Со нетрпение очекуваме да ја слушнеме целата композиција

Евровизија 2021: Васил Гарванлиев ќе нѐ претставува со песната „Here I Stand“