Шпанската јавност вторпат во само четири дена критикува и прашува дали Реал Мадрид е фаворизиран кај судиите. Откако претседателот на Атлетико, Мигел Анхел Хил Марин обвини дека Реал има судиска помош, дојде до нова контроверзна ситуација, која ја потенцираат шпанските медиуми.
Од Атлетико тврда дека, во вторникот во Купот на кралот се оштетени, бидејќи судијата не го санкционираше стартот на Дани Себаљос над Томас Лемар со жолт картон. Севаљос веќе имаше еден жолт картон.
Сега Реал се најде во нова контроверзна ситуација откако Начо Фернандез, во ситуација кога имаже јавна опомена, не беше исклучен против Реал Сосиедад. Начо му попречи на противникот да изведе аут.
Nacho Fernández ha hecho esto con una amarilla, obviamente no le han sacado la segunda.
Él mismo ha dicho “Por fortuna no me sacan la segunda tarjeta”
¿Hasta donde vamos a llegar? pic.twitter.com/mJbZbpaeHo
— Parte Médico (@PartemedicoATM) January 29, 2023
„Ова е или непознавање на правилата на играта или одбивање правилата да се почитуваат. Очигледен втор жолт картон, нема за што да се зборува“, изјави поранешниот судија Едуардо Итуралде Гонзалес./Makfax/