Едно лице загина, а две се тешко повредени по пад на авион во близина на Њујорк. Авионот „пајпер ПА 28“ се урна вчера попладне во Норт Линденхерст, во близина на аеродромот „Република“ во Фармингдејл, соопшти Федералната управа за авијација.

Аеродромот е на околу 30 километри од Њујорк. Во моментот на падот во авионот имало три лица. Пилотот пријавил чад во пилотската кабина додека леталото се приближувало до аеродромот „Република“, изјави портпаролката на Националниот одбор за безбедност на транспортот, пренесува Њујорк пост.

Прикажи повеќе